Чулев бара и автомобил на Пендаровски, наследен од Иванов

Одземањето на околу 35 службени возила кои премиерот Спасовски ги имаше распределено во повеќе институции ги заостри веќе затегнатите односи помеѓу Чулев и Петровска. Додека двете партии меѓусебно се обвинуваат едно од возилата кои треба да се вратат во МВР го користи и шефот на државата. Од  кабинетот на Пендаровски за тв 24 велат дека не знаат кои се мотивите за ова барање.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамки во кои се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР – велат Кабинетот на Претседателот на РСМ.

Треба да знаете
Последни објави