Србија ја победи Шпанија и го освои АТП купот

Тениската репрезентација на Србија е победник на премиерниот АТП куп откако со 2:1 во сетови ја победи Шпанија.
На почетокот на денот Баутиста го победи Лајовиќ и донесе водство за Шпанија од 1-0, потоа возврати Ѓоковиќ кој го совлада Надал и изедначи на 1-1.
Дуелот во двојки го решаваше победникот. За Србија настапија Ѓоковиќ и Троицки, а за Шпанците Карењо Буста и Лопез. Беше најавен Надал, но Шпанија се одлучи за промена и Фелисиано Лопез му беше партнер на Карењо Буста.
Шпанија тргна добро, направи брејк, го земаа и својот гејм па поведоа со 2-0, но потоа следуваше фантастична серија на Србија од 6-1, првиот сет го добија со 6-3. Во вториот сет Србите го добија првиот сервис на Шпанија, направија брејк и таквата предност ја одржуваа до крајот, го земаа сетот со 6-4 и радоста за освоениот трофеј можеше да почне.
Треба да знаете
Последни објави