
Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски
Многу е тешко да се најдат зборови за утеха во оваа време кога нашата држава МАКЕДОНИЈА изгуби повеќа од 50 млади лица кои допрва трбаше да ја вкусат убавината на животот. Секој граѓанин денес чувствува горчина во себе за оваа огромна трагедија, но факт е тоа дека најголемата загуба и непреболот ќе биде за родителите и семејствата кои ги загубија своите деца, како родител само можам да замислам каква е нивната болка. Оваа огромна трагедија е продукт на самиот систем во Македонија кој се создаваше повеќе од 30 години и кој за жал зеде повеќе жртви отоклу што тоа се случува во војните. Мора да констатирам јасно дека системот е тој кој полека не убива сите нас, а во суштина ги одзеде животите на луѓето во модуларната болница, во автобусите на Дурмо Турс во Бугарија и на патот Гостивар-Скопје и последното кое би морало да не отрезни сите нас а особено надлежните и одговорните дека повеќе нема простор за импровизација во овој систем или ќе не биде или да ја угасиме државата, да си признаеме дека нас не не бидува да имаме своја држава и дека не сме кадарни да организираме сериозен државен систем. Ние не изградивме држава изградивме лулка на корупција. За цело ова време во тие 30 и кусур години на независност сите го знаеме основниот проблем за нефункциналноста на оваа држава а тоа е КОРУПЦИЈАТА. Да бидеме на чисто секој еден избуден живот за сите овие години е производ на корупцијата а таа истата е поврзана со факторот човек, човекот на овие простори е склон кон тоа да биде корумпиран, па од тие причини се извртеа темелните врендости во овој наш систем, им дадовме голема моќ на луѓето со сомнителни квалитети и без тронка дигнитет и интегритет како личности (аморфи) им ги оставнивме нашите животи на располагање да ни ги организираат да ни ги управуваат, а тие почнаа да не потиснуваат, да не уништуваат дури и да ни ги одземаат. Знам дека во овој момент нема простор за мудрување или делење правда на секој од нас, во овој момент имаме само една опција сите ние како поединци или политички партии а тоа е да му се дадеме безрезервна поддршка на актуелниот премиер Мицковски не за да покаже храброст при давање во јавност, туку да демонстрира силна храброст на делување и акција. Тоа делување или акција претставува комплетно ресетирање на овој потонат, коруптивен систем кој не убива сите овие над 30 години, да превземе акција и да удри силно кон секого без оглед дали е лидер на некоја партија, функционер, судија, доктор, професор или пак бирократ кој се “товел“ со години на грбот на граѓаните. Дали сме свесни дека ваквите криминалци “ситни“ или “крупни“ крадеа од нас со години се гоштеваа и уживаа од нашите пари а за возврат не труеа, не омаловажуваа, се богатеа на наш грб и не измејуваа со години за да на крај почнаа и да не убиваат и тоа преку системот кој тие си го зедоа и присоединеа за себе и сега го контролираат. Оти нема одговорност за нив, едноставно секаде имаат свои инсталации преко кои ја имаат контролатаа преку тоа го заразија целиот општествен систем и сите негови сегменти како што се правда, здравство, образование, култура, спорт, екологија, економија, градежништво и ја имаа контролата а за тоа им помагаат политичките партии кои на избори учествуваат со нивните црни пари за кои потоа мора да одработуваат како државен систем.
Затоа г-дин Мицковски размислите добро и удрите јако, одлучно и без колабање кон сите твои, мои, ваши, наши кои и да се а вие рековте дека имаат име и презиме да одговаат за секој одземен живот во Македонија за секој украден денар од граѓаните на оваа држава, пред тоа народот да ја земе правдата (за што лично не се согласувам). Ми делува дека оваа е последен момент или последен обид за силна и одлучна акција кон секој кој ја стимулира, поттикнува и храни корпуцијата во нашиот општетствен систем, оти во спротивно тие истите ќе удрат уште појако и посилно. Г-дин Мицкосвки едно е јасно ако не ја сосечете корпуцијата во корен сега таа ќе возврати уште појако а можеме само да замислиме какви ќе бидат последници тогаш. Тогаш корупцијата ќе ја проголта оваа држава затоа сега или никогаш повеќе.