Skip to main content
Македонија

Девет обвинители вклучени во истрагата за катастрофата во Кочани

17/03/2025  09:37

Обвинителскиот тим кој ја води истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани е проширен и сега го сочинуваат девет јавни обвинители: двајца од ОЈО Кочани, двајца од ОЈО Штип и петмина од ОЈО Скопје.

Синоќа биле издадени повеќе дополнителни наредби, меѓу кои и наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.

Увидот на лице место продолжува и денеска.