
Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање за пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
– Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање и од генерализирање на настанот на колективно ниво, бидејќи на тој начин се интензивира траумата на сите граѓани во државата, а најмногу на блиските на настраданите.
Во овие моменти, најважно е медиумите строго да се придржуваат кон Етичкиот кодекс на новинарите за начините на известување во несреќи, како и да придонесат во давање поддршка на настраданите, на нивните блиски и на сите граѓани, велат од Инстотутот за психологија.