Skip to main content
Спорт

Фемили Аеродром се збогуваа со Милан и Даме

15/03/2025  22:01

МЗТ Скопје Аеродром триумфираше во дербито против ТФТ Скопје со 74:68 во рамките на 20. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија. Со оваа победа, актуелниот првак го обезбеди првото место на табелата пред почетокот на плејофот.

Но, натпреварот помина во сенка на тажниот момент кога Фемили Аеродром се збогуваше со прерано починатите Милан и Даме. Клубот и навивачите со емотивен гест им оддадоа почит на двајцата млади момци, чиј спомен засекогаш ќе остане во срцата на аеродромци.