Skip to main content
Балкан

Возач влета во група демонстранти во Белград, три лица се повредени

15/03/2025  14:17

Две жени и еден маж се повредени во Белград од страна на возач кој намерно удрил во нив додека се подготвувале да заминат на протест во центарот на градот. Лицата се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, и констатирани полесни повреди, соопшти МВР на Србија.

Веднаш по инцидентот, полицијата го пронашла и привела лицето, кој со автомобил БМВ удрил три лица во населбата Чукарица во Белград.
При приведувањето тој „даде активен отпор, по што полицијата го совлада“, соопшти МВР на Србија