Skip to main content
Балкан

Во Белград целосно запрен јавниот градски превоз

15/03/2025  13:05

Целосно е прекинат јавниот превоз во главниот град на Србија.

Српското Министерство за внатрешни работи утрово наредило целосно прекинување на јавниот превоз во Белград, каде денеска се одржува студентскиот протест „15 за 15“.

Според синдикатот во Јавното градско претпријатие за превоз изјавија дека наредбата од МВР на Србија е примена утрово во 9 часот и пет минути поради безбедносни причини.

„Сите возила на ГСП, тролејбусите и трамваите беа заменети со автобуси, уредно заминаа за сите линии со кои управува ГСП. Во 9.05 часот дојде наредба од Министерството за внатрешни работи да се извлечат возилата до гаражата“, изјави претставник на синдикатот