
Легендарниот кошаркар Владе Дивац јавно испрати порака до студентите во пресрет на најавениот масовен протест во Белград на 15 март.
Очекувањата се дека протестот ќе привлече голем број граѓани, но српските медиуми и властите изразуваат загриженост дека може да дојде до инциденти.
Дивац, кој е еден од најпознатите српски спортисти, преку социјалните мрежи сподели две објави во кои изрази поддршка за студентите.
„Гробари на 15 март ќе бидат на улиците на Белград и ќе ги штитат студентите. Во случај на напад, оставете на нас“, стои во пораката што ја сподели Дивац.
Неговата објава предизвика бројни реакции, особено имајќи предвид зголемените тензии околу протестот.