Skip to main content
Свет

Туристи затрупани под снежна лавина во Полска – спасувачите не ја знаат точната бројка

14/03/2025  22:27

Неколку туристи останаа заробени под лавина во близина на највисокиот врв во Полска, објави денеска полскиот RMF24.

Повеќето луѓе успеале да побегнат неповредени кога снегот затрупал падина во близина на планините Татра.

Меѓутоа, едно лице со хеликоптер е пренесено во болница откако спасувачите го извлекле од под снегот, а состојбата на туристот не е позната.

Спасувачката операција се уште е во тек, бидејќи не се знае колку луѓе би можело да има под снегот.

Спасувачите со сонди го пребаруваат затрупаниот простор, проверувајќи дали има повеќе повреди.