
Денеска лекарите на папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија соопштија дека неговата состојба е стабилна и решиле да не составуваат медицински билтен.
Папата го продолжува лекувањето во римската болница Ѓемели, каде што беше примен пред четири недели, пренесува Анса.
Претходната вечер прес-службата на Ватикан соопшти дека состојбата на папата е стабилна, но дека клиничката слика „останува непроменета и сложена“.