Пендаровски со осуда за нападот во Охрид

Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека го осудува нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков.

– Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, напиша Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави