(Видео) Дерозен по двонеделната изолација се врати во тимот на Чикаго и го растури ЛА Лејкерс

Ноќеска се одиграа шест од планираните девет натпреаври во најсилната кошарксрска лига на светот НБА. Два натпреаври Атланта – Кливенд , Бруклин – Денвер и Филаделфија – Њу Орлеанс се одложени поради коронавирусот, а и во следните неколку денови се највува дека ќе има откажувања на мечеви  поради ширењето на кронавирусот кој е велезен меѓу тимовите од НБА-лигата.

Демар Дерозен „одлежа“ две недели во изолација поради позитивен тест на коронависуот и се врати на теренот, а ѕвездата на Чикаго покажа дека паузата од 14 дена не оставила никаква трага во неговата игра. Дерозен едноставно беше незадржлив и со 38 поени ги предводеше „Биковите“ до победа над Лос Анџелес лејкерс (115:110). Леброн Џејмс во тимот на Лејкерс го заврши натпреварот со 34 поени и 14 скока.

По 14 последователни порази Детроит конечно се израдува на победа во најсилната кошаркарска лига на светото – НБА. Поранешниот шампион Детроит на свој терен го совлада Мајами со 100:90. Садик Беј со 26 поени беше предводник во триумфот на домашниот тим. Клучна на мечот беше третата четвртина, кога домаќините стигнаа до двоцифрена разлика (75:64), па и покрај тоа што Мајами во финишот намалија само на пет негатива, Детроит не дозволи да прокоцка шанса да победи првпат по пауза од над еден месец. За Детроит ова е само петта победа сезонава во 29 натпревари.

Резултати: Детроит – Мајами 100:90, Мемфис – Портланд 100:105, Сакраменто – Сан Антонио 121:114, Чикаго – ЛА лејкерс 115:110, Минесота – Далас 111:105, Феникс – Шарлот 137:106.

Треба да знаете
Последни објави