Поради аут кој му претходел на корнерот го спорат победничкиот гол на Елмас за Наполи во дербито со Милан

Наполи освои три голем бода на госубањето кај Милан (0:1) во 18. коло од италијанската фудбалска Серија А. Јунакот на тимот од Неапот беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој го постигна победничкиот гол уште во 5. минута со удар со глава по изведен корнер за неговата екипа.

Милан во последната минута од натпреаврот преку Кеси ја затресе мрежата на Наполи, но погодокот по интервенција од ВАР собата беше поништен поради офсајд ситуација во кој се најде Жиру.  На овие два погодока регаираше по мечот тренерот на Милан, Стефано Пиоли со кометар дека голот на Елмас бил нерегуларен, а на Кеси не требало да биде поништен !

Се огласи и поранешниот италијански судија Грацијано Чезари со исто образложение како Пиоли дека на погодокот од Елмас претходел аут за Милан, па затоа голот постигнат по корнерот не е регуларен.

-Голот кој го постигна Наполи дојде после корнер на кој му претходеше аут. Топката наместо да му биде доделана на Милан и да продолжи играта му припадна на Наполи. Лозано ја допре топката пред Бало Туре. Не знам како помошникот не го забележа ова. Ова беше една несреќна грешка за која никој немаше да зборува ако не се постигнеше гол од корнерот, изјави поранешниот судија Чезари.

Треба да знаете
Последни објави