
Пејачот Владо Георгиев вечерва е уапсен на регионалниот пат Пљевља-Ранче, откако полицијата утврдила дека управувал возило под дејство на алкохол. Според информациите, Георгиев имал концентрација од 1,22 промили алкохол во крвта.
Тој е приведен и однесен на распит во Центарот за безбедност во Пљевља.
Ова не е првпат пејачот да се најде во ваква ситуација. Минатата година, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како Георгиев пие пиво додека седи зад воланот. Тие слики предизвикаа бурни реакции, а повторниот инцидент отвора нови прашања за неговата одговорност зад управувањето со моторно возило.
Повеќе информации се очекуваат по официјалното соопштение од надлежните институции.