Skip to main content
Хроника

Пронајдено е 14-годишно девојче од Скопје кое било исчезнато речиси еден месец

11/03/2025  19:33

14-годишно девојче, кое речиси еден месец се водело како исчезнато, вчера било пронајдено во населбата Шуто Оризари, соопшти полицијата. По девојчето се трагало од 13 февруари.

„На 10.03.2025 во 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле А.М.(14) од Скопје, за која на 13.02.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом. Таа била предадена на нејзиниот старател“, пишува во полицискиот билтен.