
Без струја утре ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информација добиена од „ЕВН Македонија“ АД.
Во периодот од девет до 12 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населба Морани, општина Студеничани.
Во општина Аеродром, од девет до 13 часот, дел од улицата „Архитект Сотир Томовски“. Во истиот период и дел околу улицата „Ѓорѓи Андреевски Кун“.
Исто така од девет до 13 часот, без струја ќе биде и дел од улицата „Ѓоро Малешевец“ во општина Кисела Вода.