Skip to main content
Македонија

Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари

10/03/2025  16:17

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

-Тендерот ги помина сите постапки како што треба. Значи нема нешто што е нерегуларно. Јас не знам зошто толку паника. Ние уште не сме го потпишале, треба да помине на Влада, па во Влада треба да се видат одредени филтри за сите потребни документи. Дека треба паркинг на Клинички центар тоа никој не го спори, што побргу да има толку подобро. Меѓутоа мене многу ми значи гласот на јавноста. Иако некои викаат дека ценатата од 50 денари (за час) била многу, јас мислам дека во повеќето градови 50 денари е паркинг, каде било. Ако го оставиме со многу ниска цена и тоа не е добро. Сега ни се случува, повеќе луѓе да се паркираат во Болница и да излезат приватно низ градот да се прошетаат, бидејќи е најевтиното паркинг место, изјави Таравари.