
Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија. Националната развојна стратегија 2024–2044, која беше усвоена од Владата и Собранието, поставува јасни насоки за напредок во економијата, општествената стабилност, зелена транзиција и иновациите, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.