Skip to main content
Хроника

Уапсен 38-годишен крушевчанец, предизвикал пожар по палење на стрниште

10/03/2025  12:49

Вчера во 14.15 часот во атар на с.Алданци, крушевско, полицијата го уапсила 38-годишниот А.И од с.Норово, крушевско, поради основано сомнение дека предизвикал пожар.

„Тој се сомничи дека во село Алданци, кај место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.