Skip to main content
Хроника

Малолетници среде бел ден на плоштадот „Македонија“ ограбиле свој врсник

10/03/2025  12:18

Во саботата во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.50 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, тројца малолетници физички нападнале друг малолетник од Скопје и со закана му одзеле пари.

„Од страна на пријавителот еден од малолетните напаѓачи бил задржан и предаден на полициски службеници од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.