Skip to main content
Свет

Автомобил експлодира на аеродром во Лондон: Блокирани терминали, одложени неколку летови

10/03/2025  10:02

Електричен автомобил експлодира утрово во тунел што ги поврзува терминалите на аеродромот Хитроу во Лондон, предизвикувајќи прекин на воздушниот сообраќај, пренесоа британските медиуми.

Пристапот до терминалите 2 и 3 е делумно ограничен, а на патниците им се препорачува да остават повеќе време за пристигнување на аеродромот, како и да користат јавен превоз секаде каде што е можно, објави управата на аеродромот на социјалната мрежа „Икс“.

Аеродромот Хитроу им се извини на патниците за прекинот во сообраќајот предизвикан од експлозијата на автомобилот. Инцидентот се случил околу 3 часот по локално време кога возило се запалило во тунелот, јавува „Мирор“.

Возилото наводно било целосно уништено, а нема информации за повредени. Пожарникарите соопштија дека пожарот бил изгаснат околу 03:45 часот. Поради ова се одложени неколку летови од лондонскиот аеродром Хитроу.