Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не може да го објави договорот за паркингот на Клинички, тој не постои

09/03/2025  19:48

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Владата не може да го објави договорот од едноставна причина бидејќи договорот за паркингот на Клинички не постои.

СДС свесно ја манипулира јавноста околу паркингот кај Клинички. Иако знае дека нема никаков договор, СДС продолжува со манипулација врз граѓаните.

Она што СДС го знае и треба да одговори е:

– Колку чинеше осмомартовскиот панаѓур на СДС?

– Од каде парите за 60тина автобуси кои патуваа празни кон Струмица?

– Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите украдени од Заев?

– Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите од фотоволтаиците на Ковачевски?

– Или парите се од провизиите за КОВИД вакцините на Филипче?

СДС треба јавно да се извини за лагите и манипулациите кои ги прави и да одговори на прашањата.