
Во интервју за Радио Слободна Европа, Блерим Беџети од ДУИ кажа дека тие не најавиле никаков бојкот и дека секогаш биле и се спремни за избори.
Со ова, Беџети ретерираше од првичниот став на партијата за тоа дека нема да има локални избори, доколку не се одржат предвремени парламентарни избори, а како дополнително прашање го поставија и законот за јазиците, за што најавија и можна длабока политичка криза.
„Факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата. Околу најавите за Законот за јазиците, да вистина е, бидејќи ние имавме средби со граѓаните. И ако ги следиме сите прашања и сите коментари, загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво.“, изјави Беџети.
Ако се чепне Законот за јазиците, секако дека ќе дојде до политичка криза, додаде тој.