Skip to main content
Хроника

Искра од заварување предизвика пожар во зграда во Аеродром, во подрумот се чувале канти со нафта

08/03/2025  17:02

На 07.03.2025 година во 13.30 часот во СВР Скопје, Т.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда. Повредени лица нема.

Од екипа на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што било констатирано дека пожарот настанал при заварување од страна на М.Р. во подрумски простории во кои што се чувале канти со нафта.