Skip to main content
Македонија

Да се води компанија и да се води држава не е исто, но може да е функционално

07/03/2025  21:12

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Во Соединетите Американски Држави доаѓа до израз “капиталистички“ гард во практикување на политиката наспроти “дипломатско-бирократски“ гард на кој сме навикнати, и тоа истиот тој гард не се манифестира само на домашна политичка сцена, туку напротив и на меѓународна политичка сцена (прилично хазардерски). Но факт е тоа дека, едно е да водите глобална деловна компанија, или некој локален бизнис па гури и мало граначе како маненаџмент, наспроти тоа да водите една држава и во овој случај најмоќната воено-политичка сила на светот. Секогаш сум велел и стојам на тоа дека стопанствениците кои влегуваат во политиката имаат поголеми и многу подобри можности да бидат успешни како менаџери-полтичари од класичнте и проверени бирократ-политичари кои се градат со генерации за таа намена.

Стопанствениците се прагматични во одлучување пред се кои го имаат изградено својот бизнис исклучително на база на сопствените перофоманси и можности и со сопствен капитал и затоа управувањето со соспствената деловна компанија е условено со силна хиерархиска организација на база на влијанието на капиталот, а за разлика од тоа управувањето во политиката е доделено (мандатно) од страна на граѓаните кои ви даваат голема моќ да управувате со животите на луѓето кои директно ве бираат и веруваат во вас. Затоа некогаш политичко-диплматските потези кои ги повлекуваат одредни политички лидери немаат реперкусии само над нивното гласачко тело, туку тоа се рефлектира во поширок контекст, кои воедно повелекуваат екомономски, воени, социјални па и други реперкусии.

Во бизинисот е многу полесно да одлучувате, да ризикувате со што би можеле многу да добиете но и би можеле многу да изгубите но сепак тоа се ваши лични одлуки со кои мора се носите пред се самите и вашето семејство но и вашите вработени.

За разлика од тоа одлуките и ризикот при носење во поширок политички контекст е многу нешто повеќе од деловност, бизнис каде ќе страдаат милиони и милиони семејства а во однос на тоа секогаш ќе добива мала група која ги диктира тие процеси. Едно е да сте биг бос на мулти-милионска глобална компанија а друго е да сте највлијателниот бирократ во светот. Ова го говорам оти во моментов целиот свет е свртен со поглед кон претседателот Трамп и неговата администрација за тоа какви потези ќе повлечат, само што тука во таа администација има еден кој се издвојува повеќе а тоа милијардерот Илон Маск. Едно е факт и двајцата од нула претпоствувам со сопствен труд ги изградиле сопствените бизнис империи со тоа што милијардерот Маск е визионер кој сака да ги пробива бариерите што претствува голема храброст и кој многу се вгради во големата победа на претседателот Трамп. Веројатно дека претседателот Трамп му верува го прифаќа неговото јавно пред се мислење и неговото јавно делување пред се како бизнисмен, но она што полека но сигурно почнува да се појавува е дека истиот Маск со своите идеи (можеби визионерски, не политички) му задава главоболки на претседателот Трамп.

Што мислам со ова, вие може со вашето визионерство да оформите сопствен автомобиски бренд да го продавате насекаде низ светот и тоа е одлично, ќе создавате профит, ќе платите данок, ќе вработувате луѓе и сето тоа ќе ве однесе на пиедесталот во бизнисот, со што ќе посакате да појдете на марс што веќе е реалност особено преку неговите напори. Истоа така убаво е да си полемизирате на социјалана мрежа Х и при тоа да сакате да имате силно глобално пред се полтичко влијание со што придонесе за победата на претседателот Трамп во Соединетите Американски Држави, но не и кај крајната десница АФД на Адис Вајдел во Германија кој сепак на крајот нема да биде и дел од власта како второ пласирана партија, што покажа дека сепак Европа си има свои културолошки разлики но и начини на кои делува, функционира и носи одуки како народи пред се, пропагандата не секогаш поминува.

Која е разликата во деловно однесување преку капиталот кој го создаваме и ри тоа може да функционираме како посакува големиот газда, но со моќта која ја добиваме од народот во политичкото делување е нешто што е сосема поинаку, тоа е многу, навистина многу сериозно орудие кои ви е во раката т.е тоа орудие како капиталист име едно значење но како државен функционер е сосема поинаква работа, и токму поради тоа мора да се внимава како се управуав со политичкото орудие кога се носат крупни политички одлуки. Факт е дека претседателот Трамп е голем фан на милијардерот Маск, впочем само тој истиот Маск и Украинскиот претседател Зеленски (но само еднаш) можат да влезат во овалната соба облечени како рокери со тоа што Украинскиот претседател беше исфрлен на недиплатски вулгарен начин додека милијардерот Маск е советник кој директно треба да ја ре-организира јавната администарција на САД.

Она што е очигледно дека претседателот Трамп има голема доверда во него особено од аспект што и двајцата имаат сличен успон во делот на бизнисот и создавање на сопствена имерија. Но можеби тие релации во полтиката се со краток рок на траење од причини што во политичката арена треба да сте внимателен, умерен и пред се тактичен особено кога мора да се носат крупни политички одлуки кои може да имат далекусежни последици. Затоа има еден момент каде деновиве можеби скромно но сепак може да се прочита дека кај Кабинетот и блиското опкужување на претседателот Трамп почнува да се предизвика загриженост кај одредени членови на администрацијата, особено поради негативниот медиумски публицитет поврзан со изјавите на милијардерот Маск а особено они кои се на неговата социјална мрежа. Доаѓам до силна констатација дека едно е да одговарате пред своите акционери за својата работа и своите одлуки, а сосема различно да одговарате пред сопствениот електорат.

Но она што е инетерсно е тоа дека ваквиот вид на водење на политика е дијаметрално спротивен на досегашниот класичен бирокатски модел на водење на политика. Како за крај останувам на ставоти покрај политичкиот гард кој го има претседателот Трамп (не сум симпатизер негов) ќе успее да стави крај на војните (војната индустрија не е негова сфера на економски интерес) за што како пацифист многу силно го поддржувам и верувам во таа негова мисија, сепак тој е од реал естејт индустрија и тука ќе го гледа и сопствениот интерес. Затоа секогаш со симапии ќе гледам на поставување на предприемачи во политиката кои имаат интерес за економски релации помеѓу државите наспроти воените нагони кои ги манифестираат дел од демократите.