Search

Шилегов не застанува ни во зима – Почна проширувањето на Пластичарска улица

Шилегов не застанува ни во зима – Почна проширувањето на Пластичарска улица

Започна  реконструкцијата и проширување на  Пластичарска улица. Ова може да се види од фотографиите што на фејсбук ги објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Предвидена е целосна реконструкција и проширување на коловозот на потег од клучката „Бит Пазар“ до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри. На овој потег ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило.

Треба да знаете
Последни објави