Skip to main content
Македонија

(Видео) Протоколарен гаф на Гаши

07/03/2025  09:47

Спикерот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ кој е во тридневна посета на Македонија, вчера се сретна со неговиот македонски колега Африм Гаши.

Јандроковиќ пред македонското Собрание беше примен со највисоки државни почести, но за време на церемонијата претседателот на Собранието, Гаши направи еден протоколарен гаф.

Имено, додека се интонираше хрватска химна и двајцата претседатели чекореа по црвениот тепих, Гаши одеднаш застана, а потоа се заврте кон платформата од каде појдоа, додека неговиот хрватски колега гледаше со чудење повторувајќи ги постпаките на Гаши.

Сето тоа се случуваше во моментот кога двајцата спикери требаше да се поклонат пред македонското знаме.

Погледнете како тоа изгледаше во видеото подолу