Skip to main content
Скопје

Дел од Кисела Вода денеска без струја, а без вода дел од Центар

07/03/2025  07:38

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:

– од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од улицата Саса 30, населба Пинтија во општина Кисела Вода.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф-80мм на улицата Киро Крстевски Платник 6 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Киро Крстевски Платник.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.