Претседателот на Србија се состана со градоначалникот на Атина, Костас Бакојани, кој му врачи Златен медал за заслуги на градот Атина.
https://www.instagram.com/p/B55AETIpUfJ/
Бакојани истакна дека Златниот медал што му го доделил на претседателот на Србија е признание за неговиот придонес во големото пријателство што ги поврзува српскиот и грчкиот народ, како и знак на почит кон неговата личност.
Во рамки на дводневната посета на Грција, тој се сретна и со грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос на кого му се заблагодари за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за европскиот пат на Србија истакнувајќи дека Србија ќе го поддржи територијалниот интегритет на Грција и нема да го промени својот став за Кипар.
https://www.instagram.com/p/B542smeJoNW/
Вучиќ истакна дека Србија и Грција на политички план се поддржуваат во сите меѓународни организации и институции, додавајќи дека двата народа секогаш биле рамо до рамо кога им било најтешко.