
На 06.03.2025 година во 09.53 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат Куманово Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел зафира” со скопски регистарски ознаки и “мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од турски државјанин.
Сообраќајот е во прекин, а увидот е во тек. Извесетен е јавен обвинител.