Skip to main content
Спорт

Исторски меч во Бостон, Причард и Вајт играа како во транс – Харден во ЛА постигна 50 поени

06/03/2025  11:14

Нестварните индивидуални партии на Џејмс Харден од ЛА Клиперс, односно двоецот од Бостон Селтикс, Пејтон Причард и Дерик Вајт ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во кој Никола Јокиќ забележа уште еден дабл-дабл, а неговите соиграчи џамал Мареј и Расел Вестбрук комбинирано постигнаа 50 поени.

Џејмс Харден, заедно со спрско-хрватското дуо: Ивица Зубац и Богдаб Богдановиќ ги предводеше Клиперси до победата над Детроит Пистонс 123:115.

Харден натпреварот го заврши со 50 поени. Тој е осмиот играч во историјата на франшизата со 50+ поени на еден натпревар. Богдановиќ постигна 23 поени, а Зубац забележа 22 поени и 11 скокови.

Детроит го предводеше Кејд Канингем со 37 поени, 10 скока и седум асистенции.

Бостон Селтикс славеа победа против Портланд 128:118. Селтикс играа без тејтум, Холидеј и Прозингис. Блескаа, со лични рекорди, Пејтон Причард и Дерик Вајт.

Извесно е дека Причард ќе ја добие наградата за најдобар шести човек во лигата. Тој против Портланд постигна 43 поени, рекорд во кариерата, погоди 10 тројки. Дерик Вајт го следеше со 41 поен (девет тројки).

За прв пат двајца Селтикси постигнаа 40+ поени на ист натпревар, а за прв пат во историјата на НБА, двајца играчи од ист тим постигнаа 9+ тројки на ист натпревар.

Денвер Нагетс со 116:110 го добија натпреварот против Сакраменто Кингс. Најефикасни во редовите на Денвер беа Џамал Мареј и Расел Вестбрук со по 25 поени. Никола Јокиќ забележа 22 поени, 16 скокови и шест асистенции. Двоцифрен беше и Кристијан Браун со 15 поени.

Сакраменто го предводеше ДеМар Дерозан со 35 поени, Зек ЛаВин додаде 20, Јонас Валанчиунас постигна 19.

НБА, резултати

Бостон – Портланд 128:118
Шарлот – Минесота 110:125
Кливленд – Мајами 112:107
Вашингтон – Јута 125:122
Милвоки – Далас 137:107
Денвер – Сакраменто 116:110
Мемфис – Оклахома 103:120
ЛА Клиперс – Детроит 123:115