Skip to main content
Спорт

Карагер: Победата на Ливерпул против ПСЖ е еден од најголемите грабежи досега

06/03/2025  10:01

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Пари Сен Жермен со 1-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На натпреварот во Париз домаќинот имаше 71 процент посед на топка и 27 удари кон голот против англискиот тим и 14 коренри, додека Ливерпул победи со единствениот удар кон противничкиот гол, Харви Елиот во 87. минута.

Англичаните имаа вкупно два шута во текот на целиот натпревар, што го одбележа и нивниот голман Алисон со десет одбрани.

Ваквиот исход од натпреварот стручниот коментатор Џејми Карагер, играч кој целата своја кариера (1996-2013) ја помина играјќи за Ливерпул, го нарече „еден од најголемите грабежи што фудбалот некогаш ги видел“.

„Не ми се верува што гледав, ПСЖ беше неверојатен и целосно го надигра Ливерпул“, изјави коментаторот на Си-би-ес и легенда на англискиот клуб.

Тој го опиша настапот на Алисон како „можеби најдобар во неговата кариера, и секако најдобар во дресот на Ливерпул“.