Skip to main content
Свет

Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде воен авион случајно фрлил бомби

06/03/2025  08:42

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што беа повредени најмалку седум лица.

Ужасната грешка се случила во близина на полигонот за обука Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја.

Воените претставници соопштија дека борбен авион КФ-16, кој учествувал во вежба за гаѓање, фрлил осум бомби МК-82 надвор од полигонот во 10:04 часот, при што биле повредени цивили и причинета материјална штета.

Бомбите паднале на патот во близина на мостот Нанџу во Ногок-ри, 50 километри североисточно од Сеул. Четири лица се тешко повредени, а три полесно, а оштетени се седум цивилни куќи, меѓу кои и една црква.

По инцидентот, воздухопловните сили започнаа истрага предводена од заменик-началникот на Генералштабот Парк Ки-ван за да се утврди точната причина за неуспехот и да се процени штетата.