Ливерпул со комбиниран тим успеа да слави против Шрусбери со 4-1 во првиот натпревар сезонава за „црвените“ во ФА купот. Гостите подобро го отворија натпреварот и со голот на Удхо во 27. минута поведоа со 0-1. Сепак, домаќините многу брзо направија пресврт со головите на Гордон во 34. и Фабињо од пенал во 44. минута веќе на полувреме стигнаа до водство од 2-1. На 3-1 зголеми Фирмино во 78. минута, додека конечните 4-1 ги постави Фабињо во 93. минута.
Тотнем губеше од Моркемб со 0-1 од 33. минута, откако за гостите гол постигна О’Конор, а до израмнување домаќините стигнаа дури во 74. минута преку Винкс, додека Лукас Мура и Кејн во завршницата погодија уште по еднаш за победа од 3-1.
Пласман понатаму обезбедија и Вест Хем кој беше подобар од Лидс со 2-0 и Вулверхемптон кој славеше над Шефилд со 3-0.