Skip to main content
Спорт

Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман

04/03/2025  11:07

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски оваа сезона ќе дебитира во најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост „World Endurance Championship“.

Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда да учествува на ваква трка од светски размер.

– Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На легендарната трка „24 часа Ле Ман“ да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, изјави Бузалковски.

Годинава трката ќе се вози на 14/15 јуни и ќе биде 93-то нејзино издание.