Skip to main content
Македонија

Успешно се оперираше младата Ана Радеска за која со донации се сплоти цела Македонија

02/03/2025  15:54

Успешно помина операцијата на мозокот на 16-годината Ана Радеска од Скопје која боледува од ретка болест: Arnold-Chiari malformation и за која со донации се сплоти цела Македонија.

Операцијата со помош на граѓаните се изврши во Германија пред два дена токму на денот посветен на ретките болести, а како што истакна нејзината мајка, таа била успешна и сега и следи период на рехабилитација.

“Ана е успешно оперирана, следи период на рехабилитација.

Бескрајна благодарност до сите вас кои во овие два месеци не поддржавте и морално и финансиски ♥️♥️♥️

Поздрав од Бамберг”, истакна Сашка Радеска.