
На 02.03.2025 година во 00.30 часот, во ОВР Кичево лишени од слобода се Ј.В.(38) и С.С.(34), двајцата од Кичево. При преглед во возило „Голф” во кое се превезувале, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа најлонска опаковка со бела грутчеста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.