
Би се извинила доколку би направила навреда, во конкретнава ситуација навреда немало“ рече министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска, за Телевизија Сител.
„Кој треба да е извини? Жената која исто така макотрпно се борела за да ги роди своите деца? Жената која ги поминала тие тешки патишта“ праша Кочовска.
Кочовска се најде на удар на јавноста откако на собраниска говорница, на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за деца бидејќи таа самата немала деца, а министерката имала два сина и многу добро знаела колку се месечните трошоци на едно четиричлено семејство.