Search

Заев: Се затвораат и чистат диви депонии низ целата држава

Се затвораат и чистат диви депонии низ целата држава, како дел од планот за изградба на регионални депонии. Ова го напиша премиерот Заев на Фејсбук.

– Се чистат 34 диви депонии во 5 општини, додека со ИПА средства и со средства од Швајцарската агенција за обнова и развој, ќе се чистат диви депонии во источниот, североисточниот и полошкиот регион. Во рамките на овој план е и обезбедување на руралните општини со соодветна механизација за собирање и транспорт на сметот до депонијата, како и можност за селектирање на сметот, напиша тој.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158039578067932

Треба да знаете
Последни објави