Skip to main content
Спорт

Реал Мадрид казнет поради хомофобични навреди кон Гвардиола

01/03/2025  14:34

УЕФА го казни Реал Мадрид за хомофобични скандирања на дел од навивачи кон менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

На шпанскиот клуб му беше наложено да плати 30.000 евра и доби условна казна со делумно затворање на стадионот доколку истото се повтори во следните две години.

Покрај овие казни, Реал е принуден да остави најмалку 500 празни места на стадионот за време на натпреварот против Атлетико во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Хомофобичните повици беа испратени кон Гвардиола за време на победата на Реал против Сити од 3-1 во реваншот од плејоф мечот за место во осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот во Мадрид. Победата значеше дека тимот на Карло Анчелоти се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 6:3.