Skip to main content
Хроника

Тешко повреден малолетник во Тетово откако во него удрило возило, возачот избегал

01/03/2025  11:53

На 28.02.2025 во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од ул.„Јане Сандански” со ул.„Гоце Стојчески” во Тетово патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево, тетовско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.