Skip to main content
Спорт

Неверојатниот Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

01/03/2025  10:56

Шведскиот атлетичар Арманд Дупалнтис 11. пат во кариерата го урна светскиот рекорд во скок со стап.

Дуплантис скокна шест метри и 27 сантиметри во Клермон-Феран, Франција.

Минатата година трипати ја проби границата, последен пат ја постави во Хорзов, Полска, каде прескокна 6,26 метри.

Популарниот Мондо знаеше како да ја прослави победата во Франција, отиде во прегратките на сопругата, додека фановите во салата возбудено го прославија новиот светски рекорд.

Швеѓанецот започна со рекорди во 2020 година во Торун (6,17 метри), двапати ги собори во Белград во 2022 година и оттогаш ги поместува границите неколку пати секоја сезона.

Станува збор за човек кој двапати бил олимписки и светски шампион, три пати европски првак, со бројни победи на во сала и митинзите во Дијамантската лига.