
Викендица и овоштарник во село Идризово се опожарени вчера, а материјалната штета се уште не е утврдена. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со три противпожарни возила и осум пожарникари.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите на Град Скопје имале уште две интервенции во текот на вчерашниот ден и тоа на стрниште на површина од 1 200 m2 во село Буковиќ и на уште една помала интервенција.
Според информациите на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 12 пожари на отворено на територија на цела држава.