Skip to main content
Македонија

Левица: Бендевска, ЗНАМ и ДПМНЕ бегаат од обврската да го одблокираат Законот за бранителите

27/02/2025  13:44

Соопштение на Левица:

На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, побара да се одблокира Законот за бранителите.

Јанчев ѝ посочи на Бендевска дека таа и Милошевски како потпретседател на Собранието се надлежни да го облокираат Законот за браниетелите, бидејќи при замена ги имаат истите надлежности како и претседателот Гаши.

Бендевска го гасеше микрофонот и не дозволуваше ова да се каже од говорница за да не оди во јавноста дека одговорни за блокадата на Законот за бранителите се токму ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, со клевети и навреди кон пратениците од Левица, непречено реплицираше, злоупотребувајќи ја процедуралната забелешка, дека не требало да се грижи Левица за бранителите.