Skip to main content
Македонија

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

24/02/2025  23:08

Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагираше на одлуката на македонската влада да биде коспонзор на американската резолуција за Украина, а во исто време да остане воздржана при гласањето за резолуцијата со која руската инвазија се нарекува „воена агресија“.

„Овој потег ја става Македонија на мапата на конзервативни држави поддржувачи на Путин и е многу поштетен од сите глупости на Левица и нејзините лигавења со руската дипломатија. Со ова Мицкоски ја препознава окупацијата на Македонија од страна на Бугарија како административно присуство, а не окупација“, напиша Најчевска на социјалните мрежи.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека владата така одлучила.

Во Генералното собрание на ОН, резолуцијата предложена од Украина, зад која застана целата ЕУ, беше поддржана со 93 гласови „за“, 18 „против“ и 65 „воздржани“, меѓу кои и Македонија. Во исто време, американската резолуција, во која нема директна осуда на Русија како агресор, исто така беше усвоена со 93 гласа „за“, 8 „против“ и 73 „воздржани“.