Skip to main content
Македонија

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

26/10/2026  14:54

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска го повтори својот став за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата и како што рече нема да му бидат алиби на премиерот Христијан Мицкоски за распишување на избори.

– Ние кажавме и ќе го повторам ставот, нема да му бидеме алиби на Христијан за избори, има двотретинско мнозинство, нека си распиши избори. Ние чекаме да испорача тој, да испорача подобар стандард, подобар живот, така ветуваше. Подобри услови во училиштата, во болниците, за земјоделците, за пензионерите подобар живот, за работниците, ништо од тоа нема Подобри преговарачки позиции, ништо нема, борба против корупција, криминал, ништо нема – вели Филипче.

Посочи дека корупцијата цвета, го спомна и случајот со Државна Лотарија и Артан Груби, како и дека 3.000 млади семејства со нивните деца се иселиле, па сега има и 3.000 првачиња помалку во земјата.

Прашан дали се повикани на разговор членовите на „Платформата 12.05“, Филипче одговори дека сите се купени од власта и одработуваат за нивни интереси. Лидерот на сдсм истакна дека членовите на Платформата биле повикани, и како што рече се уште се повикани да дојдат и да разговараат.

– Таа платформа беше повикана и се уште, ако сакаат да дојдат да разговараат. Но, тоа не е намерата, затоа што кога имаш намера да разговараш, ќе дојдеш да разговараш, кога имаш намера да ја делиш СДСМ, тоа ќе го правиш и они тоа го прават. ​Му должам на Христијан Мицкоски, дојдоа овде да направат дефокус, дента кога Фон дер Лајен дојде во државава и му кажа директно во лице на Христијан Мицкоски, идентитетот и јазикот се заштитени. Со тоа падна во вода неговата најголема лага изминативе повеќе години. ​Му требаше некој да направи дефокус. Какво срамно сработување за еден таков предавник – рече Филипче.

Забележа дека на овој начин, а како што рече тие луѓе одработуваат за една предавничка агенда.

– Колку треба да се мизерни тие луѓе да одработуваат за ваква предавничка агенда? Нема да им помине, апсолутно.Сите се купени од власта и одработуваат за нивни интереси-вели Филипче.