
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека од САД каде на чело е Доналд Трамп и контактите таму – Македонија не може да изгуби.
„Со контактите кои ги имаме од најблискиот периметар на Трамп можеме само да добиеме, не и да изгубиме. Билатералниот спор со источниот сосед е спор кој генерално нема никаква врска со вредностите на 21 век. Ценам дека треба час поскоро ние како држава и формално да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, кои што се дел од овој билатерален спор“, рече Мицкоски.
Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина. Истовремено ЕУ, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција. Запрашан зошто земјава се одлучи на ваков чекор, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави „па, така одлучивме дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата поднесена од САД“.