Skip to main content
Спорт

Баез го освои турнирот во Рио

24/02/2025  10:59

Аргентинскиот тенисер Себастијан Баез го освои трофејот на турнирот во Рио де Жанеиро (Бразил).

Во финалето синоќа Баез го победи Французинот Александре Мулер со 2-0, по естови 6:2 и 6:3. Мечот траеше 1 час и 27 минути. 

Дваесет и четиригодишниот Аргентинец имаше три аса и реализираше пет брејк топки од вкупно 12 шанси.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 2,4 милиони долари.

Ова е седма АТП титула за Баез. 

И минатата година Аргентинецот го освои турнирот во Рио де Жанеиро.