Skip to main content
Балкан

„Среќен што ги имам“ – Вучиќ сподели емотивен момент со родителите во Борча

23/02/2025  22:53

Српскиот претседател Александар Вучиќ сподели емотивен момент со своите родители, изненадувајќи ги со заеднички ручек во Борча.

„По 100 години ги изведов родителите на ручек. Во градот. Во Борча. Среќен што ги имам,“ напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, објавувајќи видео од овој семеен собир.

Во топла и опуштена атмосфера во познатата кафана БСК, Вучиќ раскажа како со брат му Андреј уште од детството се натпреварувале кого повеќе сакаат нивните родители.

„Јас реков дека мајка ми повеќе го сака Андреј, а тој тврдеше спротивното. Но, не се секирај мамо, на брат ми му пакуваме бајадера и килограм зелка и го носиме во Нов Белград да јаде,“ рече тој низ насмевка.

На крајот, Вучиќ им се заблагодари на своите родители за љубовта и посака еден ден на ист начин да им ја врати на своите деца.